Мнозинството центарци против деструктивноста на Жерновски и Заев, референдумот не успеа

Покрај тоа што референдумот за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ, кој го организираа СДСМ и Андреј Жерновски немаше правна базираност, затоа што ГТЦ не припаѓа само на граѓаните на општина Центар, туку на граѓаните на Град Скопје, истиот не успеа.

Излезеноста на граѓаните е околу 40 отсто што го прави референдумот неуспешен. Мнозинството граѓани не го поддржаа ставот на Жерновски и СДСМ.

СДСМ и Жерновски доживеаја тежок пораз и покрај жестоките притисоци кон центарци, заканите, насилството кое го применуваа и покрај огромните пари за финансирање од соросовата фондација на нивните новинари, медиуми и невладини организации.

Граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев, Жерновски, Милчин, Шекеринска и тесниот круг на луѓе околу нив.

ВМРО-ДПМНЕ не ги повика граѓаните ниту да излезат на референдумот, ниту да не излезат, ниту пак сугерираше дали да се гласа за или против референдумското прашање и учествуваше на истиот административно согласно законот. Остави граѓаните сами да ја донесат одлуката.

Граѓаните решија. Вистински дебакл на опозицијата. И покрај силењето на опозицијата, СДСМ, ЛДП и СОРОС доживеаја 11 пораз во низа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.