Мнозинството Германци против зголемување на воениот буџет и за повлекување на американските единици

Мнозинството граѓани на Германија се против евентуалното зголемување на воениот буџет, како што тоа од своите сојузници во НАТО ги бара Вашингтон а беше договорено на самитот на Алијансата во Велс во 2014 година, а мнозинството се и за повлекување на американските единици од Германија, покажува истражувањето на јавното мнение коешто во средата го објави институтот YouGov.

„Само 15 отсто од испитаниците се против зголемувањето на германските расходи за вооружените на сили од сега ветените 1,5 отсто од бруто домашниот производ“, произлегува од испитувањето на јавното мнение на институтот YouGov за агенцијата DPA.

Американскиот претседател Доналд Трамп уште во својата предизборна кампања во 2016 година бараше од сојузниците повеќе вложувања во одбраната, а во средата на првиот ден на самитот на НАТО во Брисел отворено ја критикуваше Германија дека не ги исполнува обврските кон Алијансата, и бара зголемување на трошоците на договорените 2 отсто од БДП-то. Германија, ова ниво според планираното требаше да го достигне по неколку години. Трамп, во пресрет на самитот, исто така, се закани и со повлекување на американските сили од Европа, затоа што како што оцени, тоа е на штета на американските даночни обврзници.

Во споменатото испитување, повеќето граѓани на Германија се залага и за повлекување на единиците на САД од германската територија.

„42 отсто од испитаниците бараат повлекување на единиците, а 37 отсто се за нивно останување. 20 отсто не се изјасниле по ова прашање“, покажуваат резултатите од испитувањето.

Контингентот на американската војска во Германија изнесува 35.000 војници и е најголемиот контингент надвор од САД. Според некои медиумски наводи, американското министерство за одбрана размислува за повлекување на поголем дел од своите единици од Германија и разместување во Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.