Мнозинството во општина Центар раскарано меѓусебе

Продолжуваат кавгите и препукувањата во општина Центар. По недоразбирањата во понеделникот помеѓу владејачкото мнозинство, иста атмосфера и на денешното продолжение на седницата во централната општина. Неединството и раскараноста се повеќе излегуваат на површина.

Евидентен е судирот на ставовите меѓу советниците на СДСМ и градоначалникот Жерновски, лидер на ЛДП во заминување. Иако од иста советничка група, седнати на една страна во салата за седници, се чувствува и гледа расколот и раскараноста на партиите, манифестирани во судирот меѓу претставниците на СДСМ и Жерновски во име на ЛДП.

Во ваквата напната атмосфера капката која “ја преполни чашата“ е нетрпението кое се јави и од друга опозициска партија од формацијата на советниката група во Центар. Имено, како што се претпоставуваше, некоордираните ставови во опозициската коалиција се манифестираат и преку политичари на НСДП.

Единствената советничка од оваа партија, бега од седниците во општина Центар. Марија Бошковска Јанковски не е присутна на денашната седница, а се претпоставува дека нема да се појави ниту утре, кога се закажани советничките прашања. Претседавачот Шиповиќ јавно го спомна нејзиното отсуство, но потенцира дека таа најавила само со мало задоцнување.

Во работата на општина Центар, чиј градоначалник е лидерот на ЛДП, очигледно НСДП не сака да учествува. Така, советничката Марија, ја напушти и минатата седница на централната општина, кога и излегоа на виделина односите во опозициската коалиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.