МНР: Атина да не измислува закани, туку да го почитува правото

мнр

Да не се измислуваат закани, туку да се почитува правото и да се гради партнерство. Секој човек во нашиот регион многу добро знае која е Грција, а која е Македонија. Закани за иредентизам нема и нема ниту да има од Македонија кон Грција. Подобро за сите ќе биде и да не ги измислуваме. Нашиот предлог е да градиме мостови, доверба и заеднички проекти во интерес на сите. Така и пристапуваме кон мерките за градење доверба, се наведува во реакцијата на МНР.

Воедно, се повикува Ципрас да се посвети на проекти меѓу двете земји.

Би го повикале премиерот Ципрас да се посвети на проект повеќе меѓу двете земји. Од тоа, сите ќе имаме придобивки, наведуваат од МНР.

Грчкиот премиер Ципрас вчера на заедничка прес-конференција во Белград со претседателот на српската Влада Александар Вучиќ, рече дека „Атина сака да се реши проблемот, но оти е тешко е да се дојде до решение доколку некој инсистира на непријателски ставови и тежнее кон национализам“