МНР: Досега нема информации за настрадани македонски државјани во земјотресот во Грција и Турција

Во врска со земјотресот во кој се случи во Република Турција и Грција, Министерството за надворешни работи информира дека е во постојана комуникација со амбасадите на Република Македонија во Анкара и Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина и оти според официјалните инфомации од надлежните турските и грчки органи, засега нема сознанија за повредени македонски граѓани, воедно ниту еден македонски државјанин не се обратил за инфомација или помош.

Според информациите кои ги објави Агенцијата за управување со кризи на Република Турција (AFAD) на 21.7.2017 година, по полноќ, во заливот Гокова, во провинцијата Мугла, каде што се наоѓа туристичкиот град Бодрум, местото го зафатиле серија од над 45 земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 6,3 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил во непосредна близина на турскиот град Бодрум и на грчкиот остров Кос. Според досегашните сознанија, има две жртви на грчкиот остров Кос, истовремено има и повеќе повредени, воедно земјотресот предизвикал сериозна материјална штета.

Македонските дипломатки мисии во Атина и во Анкара активно ја следат состојбата и се во координација со турските и грчките институции, порачуваат од македонскот.
За сите инфомации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Република Турција и Грција активни се следниве телефонски линии:

Амбасада на Република Македонија во Анкара
Фиксен телефон: + 903 12 439 92 04 ; + 903 12 439 92 08
Мобилен телефони: +905303395884; +905385466691

Канцеларија за врски на Република Македонија во Атина
Фиксен телефон: +30 210 67 49 585
Мобилен телефон: +30 694 501 39 50

Министерство за надворешни работи
Лице за комуникација со медиуми, Силвана Ивановска +389 72 239 052