МНР: Еве каде да се обратите за информации за македонските граѓани во Брисел

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени.

За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, молиме да се обратите во македонската амбасада во Брисел и во Министерството за надворешни работи на РМ.

ДКП Брисел

Лице за контакт: Владо Дамјанов, административно-конзуларен референт во ДКП Брисел

Телефони: 0032 2 7329108 и 00322 734 56 87

Мобилен телефон: 0032 489 01 44 94

Адреса: Rue de la Loi, 38 1040 Brussels

Е-пошта: brussels@mfa.gov.mk

МНР на РМ

Телефон: +389 2 3115 266

Е-пошта: mailmnr@mfa.gov.mk

Воедно, за дополнителни информации можете да се обратите и на телефонскиот број  (+32) 02 506 47 11 во Центарот за управување со кризи на Кралството Белгија.