МНР: Граѓаните на РМ да се информираат за патувањата во и од Катар

Министерството за надворешни работи ги советува граѓаните на Република Македонија, пред патување во и од Државата Катар, да го контактираат авио-превозникот, да се информираат за можните промени во термините и начинот на нивното патување, а во случај на потреба, да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Доха или директно во македонското МНР.

– Неколку земји од регионот на Персискиот залив, меѓу кои и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин,… на 4 јуни годинава ги прекинаа дипломатските односи со Државата Катар, што резултираше со прекин на поголем број патни, поморски и воздушни правци помеѓу овие земји и Катар, како и рестрикции за патување и престој на граѓаните на Катар во овие земји, се наведува во денешното соопштение од МНР.

Министерството за надворешни работи на РМ, како што стои во соопштението, ќе го следи развојот на настаните во овој регион и навремено ќе ги известува македонските државјани за сите промени.

МНР контакт телефони:

+ 389 2/3110 322 и + 389 2/3110 333.

Лице за инфомирање на медиуми: Силвана Ивановска

Контакт телефон00389 72 239 052

Македонска амбасада во Доха 

Лице за контактВукица Кртолица Поповска, Вршител на должност

Контакт телефон00 974 5006 7044

Адреса: Building No. 20, Zone 63

Str. 941, West Bay.