МНР: Киднапираниот Македонец во Либија е ослободен

Македонскиот граѓанин на работа во Либија, Милјазин Гафури од Ново Село, Боговиње, e ослободени се наоѓа во Италијанската амбасада во Триполи, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Гафури и неговите двајца колеги од фирмата во која што работи се водеа како исчезнати од 05.07 наутро. Министерството за надворешни работи би сакало да се заблагодари на одличната соработка на италијанските, либијските и босанските власти“, соопшти МНР за случајот на Гафури, кој се споменуваше како Емилио Гафури.