МНР на Грција негираше дека има проблеми со авионот на сириска владина делегација

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Константинос Кутрас ги демантираше извештаите во некои медиуми дека на атинскиот аеродром „Елевтериус Венизелос“ не е дадена дозвола за надополнување со гориво на авионот на сириската делегација што треба да учевствува во „Женева-2“, пренесе „РИА Новости“.

„Нема никакви проблеми со авионот на сириската делегација. Се’ тече по вообичаен режим, авионот побара гориво и по надополнувањето ќе полета. Нема апсолутно никакви проблеми“, истакнал портпаролот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.