МНР: Нема настрадани македонски државјани во налетот на ураганот Ирма

Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД и досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма, соопшти Министерството за надворешни работи.

Претставници од македонската Амбасада во Вашингтон стапиле во контакт со македонската државјанка што престојувала во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството што се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот, се наведува во соопштението.

Се упатува апел за будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот Ирма сè уште не е надмината.

Телефонските броеви за контакт со македонската Амбасада во Вашингтон, на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време, се: 202-390-7418 и 202-667-0501.