МНР: Нема повредени македонски државјани во земјотресот на Егејското море

Од МНР денеска соопштија дека засега немаат сознанија за повредени македонски граѓани во земјотресот што ги погоди грчкиот остров Кос и турското крајбрежје, повикувајќи се на официјалните инфомации од надлежните органи од двете земји.

Од министерството информираат дека ниту еден македонски државјанин не се обратил за инфомација или помош. Македонските дипломатски и конзуларни преставништва во Атина и Анкара, како што наведуваат, активно ја следат состојбата и се во координација со турските и грчките институции. Во земјотресот загинаа две лица, а десетици се повредени.