вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 54

МНР воведува пракса на именување нерезидентни амбасадори

Ова не е новина во светската дипломастка пракса, а ја применуваат многу земји како економски посиромашни така и моќни земји.

МНР воведува пракса на именување нерезидентни амбасадори

МНР воведува пракса на именување нерезидентни амбасадори

Последни вести

Абдулкадар Мемеди е првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија што го именува Минстерството за надворешни работи како нерезидентен дипломатски претставник на земјата со седиште во Министерството. Мемеди кој е дипломат од кариера ќе ја претставува Македонија за Кралството Саудиска Арабија, Султанатот Оман и Државата Кувајт.

На денешната седница на собраниската Комисијата за надворешна политика тој истакна дека функцијата ќе ја извршува преку зачестени периодични посети во овие земји на акредитација со однапред подготвена агенда и платформа за активностите.

– Ова не е новина во светската дипломастка пракса, а ја применуваат многу земји како економски посиромашни така и моќни земји…Целта на овој концепт е максимално рационално користење на буџетските средства на Министерството во делот на промоција на надворешната политика. Втор аспект е можноста тој амбасадор да биде во постојан контакст со институциите и со претставниците и на земјата на акредитација и на земјата испраќач, што, пак, бара многу повеќе напор и енергија од амбасадорот, рече амбасадорот Мемеди.

Претставувајќи ја својата платформа за дипломатските активности подвлече дека Саудиска Арабија, Оман и Кувајт се дел од  исклучително богат со енергетските ресурсии геополитички важен регион во светот, со кој, вели, сме имале богата соработка од времето на поранешна Југославија, а Македонија, рече е една од последните земји во регионов која ги интензивира односите со нив. Во делот на бизнис дипломатијата нагласи најголеми можности за економска соработка со овие земји кои сочинуваат пазар од 40 милиони жители гледа, пред се, во извозот на земјоделски производи и производи од прехранбената индустрија, како и во привлекување нивни инвестиции.

– Саудиска Арабија минува низ период на значајни реформи, односно низ период на „тачеризација“ каде се формираат суверени фондови со трилиони долари со единствена цел да инвестираат во долгорочни профитабилни проекти во странство…Република Македонија во оваа фаза е интересен пазар и дестинација на овие земји поради односите кои што ги имаме од минатото, но и пред се, поради односите кои што ги градиме во сегашноста, вели Мемеди.

Според него, предизвици за тој регион се тероризмот и радикализмот, и во моментов тоа не става на иста страна во борбата против тероризмот, што отвора простор за соработка во делот на размена на информации за спречување на евентуални радикални напади во регионов. За Ријад, нагласува, суштесвен предизвик е и  реформата на образованиот систем, каде гледа можност за соработка со унивезритетите од Македонија.

– Над 4.000 млади Саудијци војуваат во рамки на ИСИС. Тоа е голема бројка и се прашуваат зошто е тоа така. Детектирале дека еден од проблемите е во образовниот систем и менувањето на овој систем со многу специфики кои наидоа на жестока реакција на поконзервативните  верски водачи е доволен знак колку е сериозно ова прашање. Тие планираат во наредните пет години целоно реформирање на образованиот систем и во моментов консултираат разни модели од светот, а прво ја отвориле вратата за визитинг професори од западниот свет, рече Мемеди.

Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ го поздрави именувањето на Мемеди за амбасадор со оглед на неговата значајна дипломатска кариера и одличен познавач на приликите во земјите од Блискиот и средниот исток и порача тој да работи на можностите за развој на економската соработка со  Саудиска Арабија, Оман и Кувајт.

– Трите држави не имаат признанено под уставното име што е основа за градење искрено пријателство, а имаме потпишано и договори за одбегнмување на двојно оданочување. Би се фокусирал на економската состојба и можноста за пораст на размената  и би поскал после четири години кога ќе реферирате во Собранието трговскиот дефицит со нашите пријатели да стане трговски суфицит, рече Василевски.

Македонија веќе има отворено амбасади во Катар и Обединетите Арапски Емирати, а со назначувањето за нерезидентен претставник се покриваат и останатите земји од регионот на блискиот исток. 

Најчитани вести