МНР врачи протестна нота до шефот на Канцеларијата за врски на Грција

Денеска, Амбасадорот на Грција во Република Македонија, Теохарис Лалакос, беше повикан во Министерството за надворешни работи, при што му беше врачена протесна нота по повод последната акција на Специјалните сили на Армијата на Грција за време на заедничка воена вежба со Армијата на Кипар во јули 2014, при која се скандираат провокативни пароли и преовладува говор на омраза.

Министерството за надворешни работи бара од грчките власи да превземат итни мерки за осуда на ваквите појави и тенденции кои не се во духот на европските вредности и стандарди и да се заложат вакви нецивилизирани акти да не повторуваат во иднина.

На денешната средба беше врачена и нота во врска со праксата на лепење налепници на македонските возила поврзана со употребата на кодот МК на регистарските таблички.