Македонија

МНТ стана член на Европската театарска конвенција

МНТ стана член на Европската театарска конвенција
МНТ стана член на Европската театарска конвенција
Македонскиот народен театар стана член на Европската театарска конвенција (European Theatre Convention-ETC) – најголема европска мрежа на театри. МНТ е зачленет за време на интернационалната конференција на ЕТС која се одржа од 21 до 24 април во Театр де ла Мануфактур во Нанси, Франција.

Мрежата ЕТС е основана во 1988 година за промовирање на современиот театар, поддршка на мобилноста и размена на актерите низ цела Европа и пошироко. Целта е да ја потврди улогата на театарот и револуционерна сила при формирање на европската сцена, нудејќи пристап до културата на сите генерации преку висококвалитетни креативни и иновативни театарски проекти.

Конференцијата на ЕТС што се одржа во изминатите четири дена беше на тема „Театарот надвор од границите“ и учествуваа над 40 режисери, уметници, драматурзи и продуценти од повеќе од 25 државни театри од Европа.