МО: Министерот Јолевски на средбите во странство достоинствено ја претставува Македонија

јолевски

Во неа потсетуваат дека министерот Јолевски, во 2008 година додека беше амбасадор на Република Македонија во САД го преговараше текстот Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија во која САД експлицитно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, како и унитарниот карактер на Република Македонија.

За време на последниот престој министерот Јолевски имаше средба и со заменик помошник државниот секретар Хојт Ји, и македонската јавност беше информирана од изјавата на портпаролот на Стејт Департментот, дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, наведуваат во реакцијата.

Додаваат дека за време на официјални и работни посети на министерот за одбрана Зоран Јолевски, независно во која земја во светот, на средбите, конференциите, билатерални и мултилатерални средби, безбедносни форуми итн., секогаш достоинствено ја претставува Македонија. На овие средби, како што стои во реакцијата, говори за потребата за што поскоро интегрирање на Република Македонија во евроатлантските структури и бара поддршка за остварување на оваа стратешка цел, ги презентира аргументите зошто треба да сме веќе дел од НАТО, се залага за територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија и истовремено бара поддршка за зајакнување на одбранбените капацитети на Република Македонија кои ќе бидат гарант за безбедноста на македонските граѓани, а воедно и постабилен регион. Потоа за достигнувањата на македонската Армија и нивната способност да одговорат на предизвиците, а со тоа да бидат рамо до рамо со останатите војници од земјите членки на НАТО, каде што е зацртан и нашиот пат, ги презентира аргументите за реформи во одбраната согласно НАТО стандардите и се залага за стабилизација и безбедност на регионот и пошироко и ги презентира политиките на Република Македонија дека се залагаме за почитување на човековите права и вредности.