петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

МО: Стандардот на Армијата останува приоритет од кој не отстапуваме

Министерството за одбрана денеска во врска со протестot на Синдикатот на одбраната истакнува дека досега во неколку наврати се одржани разговори со синдикатите на кои е посочено дека стандардот на Армијата останува приоритет за надлежните институции.

132376606

Последни вести

Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека и покрај непланираното ангажирање на припадниците на Армијата на јужната граница поради мигрантската криза, нема застој во исплатата на обврските кон вработените во Министерството и припадниците на Армијата.

– Дополнително, со значителни напори, успеавме да ја зголемиме дневницата за припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница за цели 30 проценти, што е голем исчекор напред. Воедно, неодамна известивме дека континуирано работиме на унапредувањето на условите за работа и престој на јужната граница. Претставниците на синдикатите знаат дека е изнајмен уште еден капацитет кој е во фаза на реновирање, се набавуваат климатизери, подобрена е исхраната за припадниците на АРМ, се вели во соопштението.

Министерството посочува дека наскоро се очекува да започне и изградбата на првата зграда од проектот „АРМ – мој вистински дом“, а во полн ек се и подготвителните активности за модернизација на Армијата.

– Очекуваме во ваква сложена состојба, со предизвиците кои ги носи мигрантската криза, претставниците на синдикатите да ги увидат напорите кои ги прави Министерството за одбрана, да не подлегнуваат врз други влијанија и да не работат за туѓи интереси, истакнува Министерството за одбрана.

Најчитани вести