МОБ со ново гледалиште и богата програма во сезоната 2016/17

Ново гледалиште и богата програма на Македонската опера и балет денеска најавија директорот на МОБ Игор Дурловски и уметничките раководители Сони Петровски и Олга Панго.

Отворањето на новoто гледалиште ќе се случи на 7 октомври, а комплетна сезона на МОБ за 2016/2017 година за разлика од порано ќе има поширок спектар на концерти и спектакли и ќе содржи околу 180 настани, информира Дурловски.

Уметнички раководител на операта Петровски рече дека во нареднава сезона ќе бидат прикажани премиарите „Евгениј Онегин“, „Турандот“, „Дон Џовани“,…

Сезоната ќе  започне со Ана и Игор Дурловски на 8 септември во Битола во придружба на оркестарот на МОБ. Предвидени се и неколку премиери меѓу кои и „Сивилскиот бербер“ на 25 октомври, оперите „Палјачи“ и „Кавалерија рустикана“ кои ќе бидат иведени на 9 мај, а сезоната ќе заврши со премиера на операта „Џани Скики“, истакна Петровски.

Нагласи дека ќе се одржат и традиционалните концерти како што е новогодишниот на кој ќе настапат првенците Борис Трајанов, Благој Нацовски и Тамара Калинкина од Украина, како и концертот за Василица.

МОБ ќе реализира и концерт на групата „Леб и сол“ која слави значаен јубилеј 40 години од нивното формирање, кој ќе биде и проштален концерт. Најголем спектал е мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проевски, рече Петровски.

Балетот, како што информираше Олга Панго, почнува со гостување во „Народно позориште“ во Белград по повод Денот на независноста на Македонија со претставата „14 часа“, а во кореографија на Игор Киров.

Во средината на ноември ќе има светска премиера на претставата „Клеопатра“ во чест на 25-годишното искуство на примабалерината Александра Мијалкова која ќе ја работи рускиот кореограф Васили Медведев. Во редовната  програма ќе се играат „Шехерезада“, „Лебедово езеро“, „Дон Кихот“, како и многу детски претстави, истакна Панго.

Според неа, „Лебедово езеро“ во декември ќе се игра на мраз, а ќе имаат и гостување во Холандија со претставата „14 часа“. Олга Панго најави дека ќе има и хуманитарни престави за поплавените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.