Мобилен остров нов хит за милијардерите

Милијардерите наскоро ќе „лудуваат“ по хит сензацијата – мобилен остров.

Како што наведуваат американските медиуми, иако навидум идејата изгледа помалку налудничава, сепак компанијата „Мигалу Прајват Сабмаринс“ серизоно работи на проектот и од таму сметаат дека е само прашање на време кога некој милијардер ќе си нарача приватен мобилен остров.

ostrov1

Станува збор за структура делумно потопена во вода, која нуди луксуз каков што се среќава само во најскапите хотели.

Секој мобилен остров ќе се гради според желбите на сопствениците, а компанијата е подготвена за почеток на изградбата веднаш штом ќе ја добие првата порачка.

ostrov2

Компанијата информира дека цените на овие мобилни острови ќе зависат од желбите и барањата на купувачите.