Македонија

Мобилен шалтер на УЈП во Аеродром

Мобилен шалтер на УЈП во Аеродром

Голем број граѓани денеска, како даночни обврзници го посетија Мобилниот даночен шалтер поставен пред седиштето на Општина Аеродром, преку кој Управата за јавни приходи (УЈП) ги понуди своите даночни услуги.

Преку опремено комбе како даночна мобилна канцеларија, граѓаните и фирмите имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.