Македонија

Мобилна апликација за нарачка на кетеринг од ученици-готвачи

Мобилна апликација за нарачка на кетеринг од ученици-готвачи

Денеска се одржа промоција на првиот проект на АРНО, во присуство на Луиза Винтон-постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),  Марјан Спасески-Директор на Агенцијата за млади и спорт и  Зоран Николовски- директорот на СУГС „Лазар Танев“.

Преку пренос во живо од кујната, во салата каде се одржуваше настанот, говорниците го споделија своето задоволство од успешноста и креативноста на проектот.

Во рамки на програмата на УНДП Младинско социјално претприемништво „Младите како агенти за развој на заедницата”, АРНО во партнерство со Младите Можат, СУГС „Лазар Танев” го имплементираат проектот „Младинска професионална кујна-нови технологии за социјален бизнис”.

АРНО го дизајнираше овој проект инспириран од светски познатиот готвач и социјален претприемач – Џејми Оливер. Проектот е еден од првите кој го промовира концептот за младинско социјално претприемништво.

Проектот се стреми кон креирање на социјални сервиси преку користење на модерни технологии. Во рамки на проектот ќе се креираат две веб страни и две мобилни апликации со цел да се надгради кетеринг сервисот кој го нуди училиштето, и на тој начин ќе се добие одржливо решение кое е инвестиција за средношколците од училиштето како и за самото училиште.

Сите заинтересирани, можат да нарачаат кетеринг, помагајќи му притоа на училиштето и младите, преку www.mojketering.mk или пак преку мобилната апликација Мојкетеринг  (Мојкетеринг за iPhone).  

ketering

 

ketering2