ФОТО: Од стари мобилни телефони направил автомобил

Овој уметник од стари мобилни телефони направил автомобил. Станува збор за уметничко дело кое тежи само 2 тони, а за изработка биле искористени 25 илјади мобилни телефони.

Лин Шин Пао, тајвански уметник, користел лепак и мобилни телефони за да направи автомобил.

Тој телефоните ги ставал на дрвена рамка, а автомобилот бил претставен во старото средно училиште на Лин, а учениците биле воодушевени од мобилното чудо.