MobyPay, мобилно плаќање преку постпејд сметка на Т-Мобиле

Корисниците на Т-Мобиле од денеска ќе можат да го користат мобилниот телефон како паричник и преку нивната постпејд сметка. Со Mobypay може безготовиснки да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња продавници и во голем број на други продажни места во Македонија,а  мрежата континуирано се проширува.

Услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци, а користи и врвна заштитна технологија за сигурно и безбедно купување.

„MobyPay е модерен и едноставен, брз и сигурен начин на плаќање од денеска достапен и преку постпејд сметката на нашите корисници. Мобилниот телефон веќе не служи само за разговор, туку станува мултифункционална алатка.Со  MobyPay мобилниот телефон добива уште една улога, станува виртуален паричник, достапен за сите наши корисници, преку сите модели на мобилни телефони. Со Moby Pay корисниците добиваат вредност повеќе, можност повеќе без никаков надомест,“ изјави главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски.

Тој истакна дека со оваа услуга тие не им се конкуренција на банките и навлегуваат во сосема друг сектор односно микро плаќања кои со картичките е невозможно да се платат.Плаќањето е едноставно, а идејата е во ова ново време мобилниот телефон да ги врши сите трансакциии.

Сумата за направената трансакција се додава на телефонската  сметка, а месечниот лимит се одредува во зависност од кредитниот рејтинг на корисникот. Во зависност од потребите корисниците можат да изберат MobiPay Easy до 300 денари по трансакција или MobyPay Standard до 1000 денари по трансакција.

Од сега корисниците ќе можат да користат мобилно плаќање преку пост пејд сметка до 6000 ден. без да одат во банка.