МОДАС со повик до Македонците: Да се бранат јазикот, името и унитарниот карактер на државата

Прифаќањето на СДСМ на таканаречениот Закон за Употреба на Албанскиот Јазик којшто наводно предвидува огромни парични казни за неспроведување на законските одредби на овој закон, претставува срамна капитулација во обид до дојде повторно на власт и ќе доведе до ослабување на македонскиот идентитет и култура, не само во Република Македонија, туку и низ целиот балкански регион кадешто на македонските малцинства им се негираат најосновните човекови права, велат од МОДАС.

Интегрален текст од соопштението на МОДАС

Австралиско-македонските општини коишто ја сочинуваат Македонска Православна Епархија за Австралија-Сиднеј (МОДАС) ги осудуваат обидите на партиите на етничките Албанци во Македонија да го наметнат албанскиот јазик како втор официјален јазик на целата територија на земјата како предуслов за формирање на владина коалиција со Социалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ). Оваа иницијатива нема за цел да ги брани правата на Албанците во Македонија, туку да промовира една федералистичка, сепаратистичка и екстремно националистичка агенда, чија цел е редефиницијата и евентуално поделбата на Македонија.

Ние ја осудуваме таканаречената “албанска платформа” и фактот што двете главни македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ја земале во предвид при договарање на идна владина коалиција, бидејки оваа платформа е производ на преговори водени во странска престолнина, имено Тирана, и ја промовира идејата дека Македонија треба да се претвори во би-национална, двојазична, федерална држава во која албанското малцинство, кое сочинува само од 15-20% од целокупното население,  би се декларирало како “конститутивeн народ”. Усвојувањето на таква платформа има сериозни последици за опстанокот на македонската држава.

МОДАС верува дека широките јазични, политички, културни и општествени права коишто на етничките Албанци им беа доделени со Охрдискиот Рамковен Договор од 2001г. потполно ги исполнуваат одредбите на меѓународните конвенции чија цел е заштита на малцинските групи, јазици и култури. Освен тоа, овој договор ги надминува одредбите содржани во таквите конвенции. На етничките Албанци во Македонија им се пружат цврсти правни механизми за заштита на нивниот јазик, култура и права кои ги наминуваат тие со коишто се служат скоро било кое друго малцинство во Европа. Згора на тоа, етничките Албанци на Балканот веќе имаат две држави, каде што албанската култура и јазик доминираат и цветаат.

Обидите  на ДУИ да го наметнат албанскиот јазик како официјален јазик во целата држава нема да резултираат со подобрување на животниот стандард  и квалитетот на живот на нивните гласачи и етничките Албанци во земјата како целина. Напротив, тие ќе доведат до зголемување на етничките тензии во земјата. ДУИ не истакна таква позиција во однос на  албанскиот јазик за време на неодамнешната изборна кампања.  Фокусирањето на  ова прашање како услов за формирање или подржување на владина коалиција предводена од СДСМ претставува очаен обид на ДУИ да го одвлекува вниманието на јавноста од својата вмешаност во бројни корупцииски скандали и присвојување на државни и јавни средства додека беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Прифаќањето на СДСМ на таканаречениот Закон за Употреба на Албанскиот Јазик којшто наводно предвидува огромни парични казни за неспроведување на законските одредби на овој закон, претставува срамна капитулација во обид до дојде повторно на власт и ќе доведе до ослабување на македонскиот идентитет и култура, не само во Република Македонија, туку и низ целиот балкански регион кадешто на македонските малцинства им се негираат најосновните човекови права.

МОДАС  го повикува членството на и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најенергично да се спротивставуваат на обидите на нивните партиски раководства да му доделат на албанскиот јазик официјален статус во земјата со цел да се формира идна владина коалиција. Исто така го повикуваме македонскиот народ и припадниците на помалите малцинства- Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците- мирно да ги користат сите легални механизми кои им стојат на располагање за да се спречи прогласувањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик.

Им даваме до знаење на раководствата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека било кој договор со кој се поткопува македонскиот суверенитет и независност ќе биде третиран како предавнички чин и никогаш нема да им биде простено од македонскиот народ.

Бараме Република Македонија веднаш да стави крај на преговорите со Грција за нашето државно име. Името на нашата држава е Република Македонија и никој нема право да преговара за било каква промена на тоа име, сега или било кога.
На крај бараме под итно  да се организира попис на населението во Република Македонија под надзор на независна комисија на Обединетите Нации за да може конечно и на праведен начин да се утврди точниот број на разните етнички малцинства во земјата. Тоа ќе стави крај на лажните тврдења и манипулации коишто ги користат албанските партии за да добиваат бенефицци и привилегии кои се далеку поголеми од тие што им следуваат според нивниот број и процентуална застапеност.

Срамно и трагично е кога едно малцинство кое сочинува помалку од 20 на сто на населението се обидува и може да го дестабилизира и доведува во опасност нашето постоење како македонска нација, додека истовремено македонските политички партии меѓусебно се караат и се поткопуваат за свои себични , лични интереси. Цената на ваков раздор ја плаќа целата македонска нација.