Модерен воз до Битола и Кичево, наскоро пруга и до Охрид

Граѓаните кои што патуваат до Гевгелија со железнички транспорт веќе се возат во еден од шесте модерни возови на ЈП Македонски Железници, а наскоро со вакви возови ќе се патува и до Битола и Кичево.

Кон средината на февруари беше донесен и вториот воз, а вчера пристигна и третиот од шесте воза што владата на Република Македонија ги набави за потребите на ЈП Македонски Железници. Четвртиот воз треба да биде донесен за околу еден месец, а до јуни се очекува во Македонија да бидат пристигнати сите шест патнички возови. Четири од возовите се дизел, а два со електромотор.

Првиот патнички воз веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот набрзо ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој пристигна денеска ќе сообраќа кон Кичево.

Пристигнувањето на вториот воз во Македонија
Пристигнувањето на вториот воз во Македонија

Директорот на МЖ „Транспорт“ Никола Костов вели дека возовите се безбедни за сообраќај по македонските пруги, а цената на билетите останува непроменета. Тој во изјава за Нетпрес вели дека возот кон Битола би требало да почне да сообраќа кон средината на март, а возот кон Кичево за околу еден месец.

Тој вели дека во моментов подготовките се во тек и дека граѓаните може да очекуваат двата нови возови да бидат пуштени во сообраќај наскоро. Двата воза ќе бидат со капацитет од по 200 патници.

Инаку набавката на возовите се врши со 25 милиони евра, дел од кредитот од Европската банка за обнова и развој наменет за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт. Со 15 милиони евра од кредитот се финансираше и купувањето 150 товарни вагони за МЖ – Транспорт, а со 10 милиони евра обновата на постоечките локомотиви и гарнитури.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

Компанијата ЦСР…