Модерен воз до Битола и Кичево, наскоро пруга и до Охрид

Компанијата ЦСР корпорејшн лтд, каде беа произведени новите патнички возови  е еден од најголемите светски производители на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Произведува и сервисира локомотиви и вагони за патници и за товар, мотори за возила и возила за градски превоз и соодветни компоненти, а ја има произведено и првата електрична локомотива во НР Кина.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници, што ќе покрива 60 проценти од линиите што ги одржува МЖ – Транспорт. Тие се климатизирани, опремени со вакуум тоалети, ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност. Освен тоа истите ги исполнуваат безбедносните стандарди, како и условите за превоз на лица со ограничено движење.

Набавката на возовите се врши со 25 милиони евра, дел од кредитот од Европската банка за обнова и развој наменет за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт. Со 15 милиони евра од кредитот се финансираше и купувањето 150 товарни вагони за МЖ – Транспорт, а со 10 милиони евра обновата на постоечките локомотиви и гарнитури.

Годинава реконструкција на 10 железнички станици долж Коридорот 10

Покрај во набавката на нови возови Владата вложува и во другите сегменти на железничкиот транспорт.

Со набавката на новите шест возови, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе направиме целосна обнова на железницата, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при неговата неодамнешна посета на Демир Хисар.

Реконструкција на железничката станица во Прилеп
Реконструкција на железничката станица во Прилеп

Тој потенцира…