Модерен воз до Битола и Кичево, наскоро пруга и до Охрид

Тој потенцира дека Владата вложува и во другите сегменти на железничката инфраструктура во земјава, како што е рехабилитацијата и реконструкцијата на железничките станици на Коридорот-10.

Постојано сум информиран за динамиката на изработка и подготовка на возовите во Кина за Македонија, и тие во нашата држава ќе пристигнат до крајот на април. Освен возовите ние вршиме рехабилитација и реконструкција на железничките станици на Коридорот-10. Во завршна фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Скопје. Како Влада вложуваме и во изградба на нови пруги со што ќе направиме целосна обнова во железницата, истакна Мисајловски.

Државата исто така е насочена и кон помалите железнички станици. Во соработка со ЕУ, над 2 милиони евра се вложуваат за комплетна реконструкција на станиците во кои претходно не било инвестирано со децении.

Со овој проект се врши целосна реконструкција и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација–вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста. Во рамките на проектот, меѓу останатото ќе бидат целосно заменети крововите, подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Посебно внимание при реализирањето на овој проект ќе се обрати на подобрувањето на пристапноста за лицата со намалена подвижност.

Скопската железничка станица со нов лик, ФОТО: Билд
Скопската железничка станица со нов лик, ФОТО: Билд

Инаку, некаде до почетокот на минатиот месец над 80 проценти од работите на железничката станица во Прилеп беа завршени.

Согласно динамиката што ја имаме со изведувачите и координацијата со Европската Унија, очекуваме обновата на сите железнички станици оваа година да биде завршена, нагласи Мисајловски.

Во рамки…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.