Модерен воз до Битола и Кичево, наскоро пруга и до Охрид

Во рамки на реконструкцијата постепено се воведуваат во работа железничките станици и по воведувањето интензивно се преземаат паралелни градежно технички работи на сите објекти.

Во овој момент се работи  на железничките станици во Велес, Прилеп, Демир Капија и Градско, каде што веќе има над 50% реализација на вкупните градежни работи, а на станицата во Табановце која е последна почната се завршени над 20% од градежните работи.

Останатите станици се воведуваат во градба согласно плановите и проектот продолжува и во оваа година.

Се планира да се гради железничка пруга и до Охрид

Од Министерството за транспорт и врски за Нетпрес велат дека во тек е изработката на проектна документација за изградба на пруга од Кичево кон Албанија, а дополнително се планира да биде изграден и крак кон Охрид.

Се планира да се гради железничка пруга и до Охрид
Се планира да се гради железничка пруга и до Охрид

Оттаму посочуваат дека по завршувањето на проектната документација, ќе се пристапи кон другите фази за реализација на проектот.

Се очекува дека финансиските средства за изградба на оваа пруга да бидат обезбедени преку ИПА фондовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.