Modern muse – Парфем за сигурни и самоуверени жени

Козметичката компанија Есте Лаудер го претстави најновиот женски парфем насловен како Modern Muse. Зад мирисната композиција стои парфемиерот Хери Фримотн. Неговата цел е да ја изрази двојната композиција создавајќи ја од пенлив јасмин, кој симболизира женственост и елегантни дрвени тонови, што симболизираат моќ, во што и успева.

modern_muse_2Првиот акорд, акорд на јасмин, се состои од нота на егзотична мандарина, тубероза, лилјан, росна латица и јасмин.

Елегантниот дрвен акорд комбинира два вида на пачули, ванила од Мадагаскар, килибар и нежен мошус.

Инаку, ова е првиот нов парфем што модната куќа Есте Лаудер го лансира по парфемот Beyond Paradise во 2003-та година.

– Со новиот парфем Modern Muse имаме намера „повторно да станеме врвна модна куќа за парфеми“, вели Шариз Форд, помлад потпретседател на глобалниот маркетинг на Есте Лаудер.

-Нежно розевиот сок сам по себе е модерен и во себе суптилно ги содржи контрастираните елементи. Modern muse е наука за контрастите, вели Карин Кхоури, постар попретседател на Есте Лаудер.

Овој парфем е дизјаниран врз основа на искуствата од парфемот Youth Dew од 1953, кој според модната куќа ги охрабрил жените да почнат да ги купуваат нивните парфеми за прв пат. Оттаму велат дека Modern Muse e дизајниран за да не направи да се чувствуваме како „ѕвезди во сопствениот живот“. Овој парфем го симболизира она што значи да се биде независна и самоуверена, а токму идејата за самодовербата е главната инспирација за овој парфем.

Заштитното лице на кампањата е манекенката Аризона Мјуз, а од компанијата велат дека ова е нивни прв значан парфем во последната декада, кој е достапен во пакувања од 30, 50 и 100 ml Eau de Parfum.