Модернизиран системот за поврзување на државните институции

Системот за поврзување на државните институции по електронски пат за размена на документи и податоци во иднина ќе биде модернизиран и надграден.

Според министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, овој процес претставува основа за поедноставување на административните постапки и воведување на електронски административни услуги.

Огласот за јавна набавка за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност е објавен на 25 јули оваа година и ќе биде отворен до 9 септември, до кога заинтересираните фирми ќе можат да поднесуваат свои понуди. Првичната цена која е предвидена за реализација на проектот пред одржувањето на електронската аукција изнесува 70 милиони и 150 илјади денари“, истакна Ивановски.

По евалуацијата на понудите ќе следи и електронска аукција со негативно наддавање и намалување на цените.

Новите решенија со надградба на систеот ќе се имплементираат во 15 државни институции.

„Исто така, потребно е да биде надграден и проширен постоечкиот веб портал, со цел да овозможи вклучување на сите институции. На самиот портал треба да има можност за додавање на дополнителни институции, како и кориснички улоги за администратори, службеници итн,  додавање на параметри основ на барање, додавање на сервиси, привилегии за корисниците, можност за повикување на сервис преку графички интерфејс со приказ на резултати и можност за преземање на резултатите во PDF и XML формат“, посочи Ивановски.

Огласот за јавната набавка е објавен на 12 август и ќе трае до 13 октомври годинава, до кога заинтересираните фирми ќе можат да поднесат понуди.