Со модернизирање на зелените пазари до поголема конкуренција

пазари

Падот на продажбата не е проблем само во Македонија, туку е тренд секаде во регионот.

– Во многу градови низ Македонија, вклучително и Скопје, во фаза е реконструкција, обнова, па дури и изградба на нови пазари. Пазарите имаат идеи, нудат решенија и проекти, но модернизацијата е комплексен процес, истакна Даниела Михајловска Василевска од Комората.

Осврнувајќи се на посетата на пазарите во Хрватска и БиХ во рамки на која заеднички беа согледани состојбите, Михајловска Василевска посочи дека заклучокот е нужно осовременување и следење на новите трендови согласно желбите на потрошувачите и динамичниот начин на живеење.

– Мора да се има предвид фактот дека пазарите се уште имаат големо значење во вкупната економска активност на секоја од земјите во регионот, од повеќе аспекти: вработување, плаќање даноци, реализирање промет кој во обем воопшто не е мал, нагласи Михајловска Василевска.

Според директорот на ЈП „Пазари“ – Битола Сашо Стаматов, пазарите не чекаат средства од никој и се фокусирани на модернизација пред се во изгледот и условите за пазарење. Во пролет идната година изграден ќе биде нов пазарен реон во централното подрачје на градот, кое, како што рече Стаматов, ќе зафаќа површина од 800 метри квадратни.

Согласно податоците од пазарите, во Македонија постојат 15.000 до 20.000 закупци на тезги, а над 10.000 семејства живеат од тргувањето на зелените пазари. За оваа дејност се уште нема стратегија преку која, укажуваат од Стопанската комора, би се потврдила важноста на пазарите пред се за локалниот економски развој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.