Модни правила што ќе ги сведат вашите стилски грешки на минимум

Без разлика на тоа што можеби вештината на обекување ви се чини доста тешка техника, верувајте дека станува збор за основни правила што се надоградени со смелост и со желба за истакнување и за отстапување од вообичаените рамки. Значи ако се држите до овие стилски предлози ќе заборавите на грешките.

Постојат неколку златни правила што сите девојки со стил добро ги познаваат. И не, не се работи за научна фантастика, туку за неколку клучни, основни трикови што сите би требало да ги присвоиме затоа што ќе ни помогнат да го поправиме нашиот стил, а и впечатокот што го оставаме.

И покрај едноставноста и леснотијата на комбинирање, често девојките токму во поглед на овие правила прават грешки. Но сега повеќе немате изговор. Магијата на овие трикови е во тоа што неморате да го менувате вашиот стил на облекување затоа што овие правила се применливи, независно од минливите трендови.

Големо „Не“ за носењето неколку трендови во исто време

Веројатно не постои ништо полошо од комбинацијата што изгледа како пресликана од моден часопис. Да, кога ви говориме дека нешто е ИН тоа не значи дека мора сите моментални трендови да ги изложите врз себе си како на простор за огласување.

trendovi-1-armani

Единствено што со тоа ќе покажете е дека немате свое ЈАС. Треба да ги вртите трендовите во сопствена корист, така што ќе им дадете сопствен печат и ќе ги комбинирате со вашите омилени детали и парчињата што го опишуваат вашиот личен стил на облекување, по кој сте препознатливи. И да, немојте да го менувате стилот секој пат кога ќе дојде некој нов тренд. Трикот е трендот да го прилагодите на себе си, а не обратно.

Внимателно со долната облека