Модни правила што ќе ги сведат вашите стилски грешки на минимум

Внимателно со долната облека

Иако се работи за долна облека, ако не сакате да се гледа, тогаш внимавајте на вашиот градник и на гаќите. Доколку носите тесни панталони, тогаш обрнете внимание на работ на гаќите, кој што ако се вреже во кожата, може да изгледа навистина грозно.

gradnik-1

Што се однесува до градникот, ако носите облека која е креирана за тој да се гледа, тогаш треба да го изберете внимателно и да го направите дел од вкупниот изглед. Ако навистина сакате да го скриете, внимавајте да не ви ѕиркаат прерамките или неговата боја да не се наѕира под светлата бела кошула. Ништо во облеката не делува толку немарно како погрешно избраната долна облека.

Внимавајте поимите „оверсајз“ и „макси“ да не станат синоними за облека украдена од постарата сестра

Оверсајз туниките може да изгледаат навистина добро, како што долгите макси фустани и здолништа може да делуваат неодоливо романтично. Но, секако, тука постои замка во која можете лесно да упаднете.

oversize

Имено, ако не се работи за облека „за по дома“ внимавајте оверсајз парчињата да ги комбинирате со други парчиња облека што се потесни и ја нагласуваат силуетата за да избегнете сите да се посомневаат дека облеката сте ја украле од постарата сестра.

Чевлите треба да се во согласност со пантолоните

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.