Модни правила што ќе ги сведат вашите стилски грешки на минимум

Салонките во боја на кожа ќе ви ги издолжат нозете

Nude-Heels-Victoria-Penny-An

Ова е мошне едноставно правило. Изберете салонки за една или две нијанси потемни од вашата нијанса на кожата и ќе добиете феноменален ефект. Чевлите со потпетица сами по себе ги издолжуваат нозете, а ако се и во боја на кожа ќе ги направат уште подолги.

Краткиот топ одлично изгледа само со здолништа или пантолони со висок струк

crop-top

И покрај верувањето дека се работи за прилично секси парче облека, краткиот топ е создаден за да биде декадентен, но не и вулгарен. Комбинирајте го исклучиво со пантолони и здолништа со висок струк, затоа што неговата цел не е да открие половина од вашето торзо туку дискретно да ја нагласи вашата половина откривајќи 1 до 2 сантиметри од кожата. И ништо повеќе.

Немојте да носите неудобни чевли

Без разлика на тоа колку сакате чевли, дамите со стил знаат дека не постои ништо полошо од жената што чекори по улица во чевли што ја стегаат или пак од гримасата на лицето на девојката која поради сандалите сака да си ги отсече стопалата.

neudobni-chevli

Не, ниту едни чевли не се толку убави за да страдате поради нив. Ако по половина час носење размислувате само за тоа како ќе ги тргнете од ногата (па макар и на улица) верувајте дека треба да се тргнете настрана од таа апаратура за тортура, без разлика на тоа колку ви изгледа убаво. Страдањето не е во мода. Подобро е да носите патики или рамни балетанки. Секогаш вашиот стил можете да го наречете „еклектичен“.