Модриќ може да си оди за 750 милиони евра

„Интер“ ќе треба да плати 750 милиони евра ако сака да го донесе Лука Модриќ во Милано, одговори „Реал“ Мадрид на шпекулациите во медиумите дека Хрватот ќе се пресели во Италија.
Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ најави дека Модриќ треба да има состанок со Флорентино Перез на кој ќе ја истакне својата желба да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Италија, пред се поради семејни причини.

Модриќ нема да си замине од Реал Мадрид. Тој нема да си оди ако некој не плати 750 милиони евра и ниту евро помалку, колку што е наведено во откупната клаузула во деговорот, изјави првиот човек на „Реал“, Флорентино Перез.

Заминувањето на Кристијано Роналдо од „Реал“ беше планирано, но заминувањето на Модиќ не е опција. Тој по доаѓањето во Мадрид во 2012 година беше стандарден во тимот, а договорот му завршува во 2020 година.

Според шпанска „Марка“, Модриќ следната недела се враќа во Мадрид да тренира и да се подготува за европскиот Суперкуп.