Модриќ обвинет дека лажел на судењето на Мамиќ

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска и играч на „Реал“ од Мадрид, Лука Модриќ е обвинет за лажно сведочење во судскиот процес против поранешниот директор на ФК„ Динамо“ од Загреб, Здравко Мамиќ во врска со перење пари од клубот.
Жупаниското јавно обвинителство од Осијек денеска поднесе обвинителен акт против Модриќ. Тој се товари дека на 13 јуни 2017 година во Жупанискиот суд во Осиек во судскиот процес против Мамиќ и уште три други лица.

Според обвинението, Модриќ свесно лажел дека анексите на договорот за професионално играње фудбал, со кој се регулира поделбата на трансферот од обештетување во сооднос 50:50 помеѓу него и клубот каде што играл, го потпишувал секогаш кога го продолжувал договорот по преминувањето во нов клуб поради наводни промени на банкарската сметка на која требало да се исплатат парите.

Обвинетиот се товари дека наведеното го кажувал, иако знаел дека не е вистина, бидејќи анексите ги потпишувал во време кога тој веќе играл за новиот клуб, по реализацијата на договорот меѓу овие клубови, а целиот износ од обештетувањето одел на сметката на матичниот клуб „Динамо“.