Модриќ најверојатно ќе го прескокне Камерун

Селекторот, останатите репрезентативци и најверните фанови на фудбалската репрезентација на Хрватска повторно мирно дишат откако репрезентативниот доктор на “коцкастите” потврди дека повредата која одличниот играч за врска, Лука Модриќ, ја заработи на дуелот против Бразил не е од посериозна природа.

„Доби силен удар во долниот дел од стапалото. Во првиот момент не можеше да ја облечи копачката. За среќа, нема никаква скршеница, а неговиот настап за дуелот против Камерун се уште е под знак прашалник. Ќе чекаме до последниот момент, ќе видме како ќе се чуствува, дали ќе биде во состојба да им помогне на соиграчите. Нема некоја друга информација околу здравствената состојба на Лука. Многу го боли, прво да се намали отокот”, изјави репрезентативниот доктор на Хрватска, Немец.