Модриќ откри како Хрватска ќе го победи Бразил

Одличниот играч за врска, Лука Модриќ, откри што треба да направи репрезентацијата на Хрватска за да забележи позитивен резултат во премиерниот дуел на Мундијалот, каде за противник го имаат домаќинот, репрезентацијата на Бразил.

„Се чуствувам многу добро, немам никакви здравствени проблеми, тренирам со полн интензитет. Убаво се одморив откако ја освоивме титулата во Лигата на шампиони. Сега целосно сум фокусиран на Мундијалот во Бразил. Подготвен сум за игра, со нетрпение го очекувам првиот судиски свиреж. Бразил е голем фаворит, не само во првиот дуел, Бразил е фаворит и кога е во прашање победничкиот пехар. Сепак, Хрватска не е без никаква шанса. Ќе бидеме многу блиску до позитивен резултат, до голема сензација, доколу први ја затресеме противничката мрежа”, изјави репрезентативецот на Хрватска.