Моето име е Идриз, Идриз Елба

Веќе некое време се шпекулира дека актерот Идрис Елба е еден од најверојатните кандидати да го замени Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд,а неговиот вчерашниот твит само ги засили гласините дека ќе ја игра улогата на најпознатиот таен агент во светот.

Моето име е Елба, Идрис Елба, напиша британскиот актер, осврнувајќи се на еден од најпознатите реплики на британскиот таен агент.

Во 2015 година Пирс Броснан, еден од актеритекој го глумеше Бонд, рече дека верува дека тајниот агент треба да го игра некој црномурест актер. Физичкиот изглед, харизмата и појавата на Идрис Елба одговара на потребата за улогата, рече тогаш Броснан.

Гласините ги засили продуцентот на серијалот, Барбара Броколи, која според Daily Star, изјави дека е време Џејмс Бонд да го игра „некој кој не е бел“.

Сегашниот Џејмс Бонд, Даниел Крег, кој веќе има снимено четири филма од франшизата, ќе се појави во улогата на тајниот агент и во петтиот филм кој треба да има премиера во октомври 2019 година, а снимањето започнува во декември годинава.

Ако шпекулациите се точни, Идрис Елба ќе се памети во историјата како прв афро-американски актер кој ќе ја одигра оваа улога.