МОФ ќе ја рушел Владата!? Се откриваат мотивите на соросовите младинци

Долгогодишниот предводник на МОФ, Марјан Забрчанец, на својот фејсбук профил објави статус каде што повикува на рушење на Владата.

“На пролет гипсот да го кршиме.” – е статусот кој го објави Забрчанец, кој јасно повикува на рушење на Владата и предизвикување немири.

Забрчанец пишувајќи го гипсот метафорично мисли на барокниот изглед на Владата, шегувајќи се на сметка на новото идејно решение за изгледот на Владата дека било од гипс. Во коментарите надолу се надоврзува и високиот функционер од СДСМ Јани Макрадули, кој пак еуфорично прашува “кога ќе се кршел стиропорот”, мислејќи на стиропорот од кој наводно се правеле барокните фасади.

unnamed

Марјан Забрчанец инаку е поранешен долгогодишен извршен директор на МОФ, поранешен член на управниот одбор на фондацијата СОРОС и воедно е повеќе од 15 години на платен список на фондацијата. Марјан Забрчанец исто така е и редовен гостин и активен учесник на дебатите и настаните на невладините организации кои се под капа на СОРОС.

Ако се споредат вчерашните говори со повиците за рушење на Владата од страна на долгодишниот предводник на МОФ, опозицијата и МОФ полека полека си ја покажува својата крајна цел, дека зад овие протести стои единствено политика. Овие луѓе ниту ги интересира студентскиот стандард, ниту реформите за подобрување на студентскиот стандард, туку само политика.

Медиумите во неколку наврати пишуваат за организацијата МОФ дека годишно од фондацијата СОРОС инкасира големи суми на пари. Во последните 4 години МОФ има инкасирано над 1 милион евра. Во 2008 година СОРОС искеширале во МОФ 4 милиони денари, за да во наредните години таа сума расте и во 2010 година да се дуплира. Во 2010 година МОФ инкасирале сума од неверојатни 18.5 милиони денари од страна на СОРОС или според математиката по 800 евра дневно. Пари во МОФ стигале и од странските филијали на СОРОС од Лондон и Будимпешта, во висина од 8 милиони денари годишно. Според медиумите со овие суми на пари кои што СОРОС ги префрла на МОФ може да се покријат трошоците на половина од студентите на правниот факултет во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.