недела, 25 декември 2016  |  Вести денес: 21

Могерини: Еднаквост за сите без разлика на половиот идентитет

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска, по повод Денот на борбата против хомофобија, трансфобија и бифобија, изјави дека ЕУ силно ги зголемува еднаквоста и достоинството на сите луѓе, без разлика на нивната сексуална ориентација и полов идентитет.

Могерини: ЕУ да не заборави и на другите нелегални рути на мигрантите

Могерини: ЕУ да не заборави и на другите нелегални рути на мигрантите

Последни вести

– И покрај неодамнешниот напредок ширум светот, речиси 80 законодваства и натаму истополовите односи ги третираат како прекршок. Во многу места дискриминацијата и насилството врз лезбејските, хомосексуалните, бисексуалните, трансродните и интерсексуалните лица е секојдневна појава, предупреди Могерини.

Европската унија повторно ги повикува сите влади во светот да ги почитуваат своите меѓународни обврски на полето на човековите права, да ја отфрлат нетолеранцијата и да промовираат еднаквост, како што наложува Универзалната декларација за човекови права и другите инструменти, се додава во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Најчитани вести