Могерини: ЕУ не планира нови санкции против Русија поради Сирија

Таа прецизира дека ниту една земја членка не предложила казнени мерки против Москва, поради нејзината поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и бомбардирањето на северниот сириски град Алепо.

– ЕУ сепак може да вклучи уште Сиријци, обвинети за кршеање на човековите права и за воени злосторства на листата за санкционирање, додаде Могерини.

Таа ова го изјави во Луксембург пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

Претходно западни медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, јавија дека Велика Британија, Франција и Германија ќе се обидат да ја убедат денеска ЕУ да ја осуди руската воздушна кампања во Сирија и да воведе уште санкции против режимот на Асад.