Могерини: ЕУ и САД ќе продолжат заедно да работат

ЕУ и САД ќе продолжат заедно да работат, напиша на Твитер високата претставнилк на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во својата прва реакција на резултатите од американските претседателски избори.

„Врските меѓу ЕУ и САД се подлабоки од секоја промена во политиката“, додаде таа.

mogerini-tviter

„Ќе продолжиме заедно да работиме за наново да ја откриеме силата на Европа“, дополни Могерини на одгласите за победата на републиканецот Доналд Трамп на изборите во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.