Балкан

Могерини: Затворањето на хрватската граница не е решение

Могерини: Затворањето на хрватската граница не е решение

Затворањето на хрватската граница не е решение, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Таа ги повика Белград и Загреб заеднички да пристапат кон решавањето на мигрантската криза.

Денеска разговарав со двајцата премиери, со српскиот по телефон, а со хрватскиот лично и ги повикав конструктивно да пристапат кон решавање на проблемот, изјави Могерини пред денешниот вонреден Самит на ЕУ во Брисел.

Могерини нагласи дека затворањето на границата за товарен сообраќај не е решение и истакна дека тоа води кон негативни односи во регионот.

Се надевам дека границата наскоро ќе биде отворена, истакна Могерини.

Високиот претставник на ЕУ за надворешран политика и безбедност нагласи дека проблемот со мигрантите е заеднички предизвик и за ЕУ и за земјите кои не се членки, како и дека тој проблем мора заеднички да се решава.