Могерини: На ЕУ и се заканува распад ако не се одговори адекватно на бегалската криза

На Европската унија и се заканува распаѓање, доколку адекватно не одговори на најлошата бегалска криза на стариот континент уште од Втората светска војна, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Таа наведе дека доколку ЕУ едноставно се потпира на одговорите на одделни држави за ова европско прашање кризата уште повеќе ќе се влошува, со верижни реакции на јавното мислење и националните власти.

– Со цел тоа да се спречи Унијата мора да биде опремена со инструменти, кои ќе бидат дораснати на предизвиците, а без кои постои ризик од распаѓање на ЕУ, предупреди Могерини во интервју за италијанскиот весник „Соле 24 Оре“.

Австрија вчера најави план за изградба на ограда на границата со Словенија, исто така членка на ЕУ, со цел да го контролира приливот на бегалци, а и Словенија најави слични чекори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.