Могерини назначи иследник за ЕУЛЕКС на Косово

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика,Федерика Моргерини, денеска го именува Жан Пол Жак, за независен експерт, инаку угледен експерт по меѓународно право, со цел да ги испита наводите за корупција во мисијата на ЕУЛЕКС на Косово.

„Денес го именував професорот Жак, како независен експерт да спроведе истрага во врска со мандатот на ЕУЛЕКС, особено да се фокусира на обвиненијата за корупција “, се истакнува во соопштението на Могерини.

Професорот мора во рок од четири месеци да ги објави резултатите од истрагата и да даде препораки за понатамошно дејствување.

„Жак е истакнат професор со повеќе од 40 годишно искуство. Покрај тоа, како директор на правниот оддел на Секретаријатот на Советот му дава уникатен значење и предиспозиција да ги забележи овие тврдења„ се вели во соопштението.