Могерини: Ниту еден мигрант не е илегален

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини синоќа по седницата на Советот за безбедност на ОН, изјави дека ниту еден мигрант не е илегален.

– Начинот на кој тие се обидуваат да влезат во Европа можеби е илегален, но сите тие се луѓе, никој не е илегален на овој свет, истакна Могерини.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, нагласи дека во Советот за безбедност на ОН ја пренела пораката дека „Европа го извршува својот дел од работата“.

– Треба да очекуваме остатокот од меѓународната заедница исто така да го исполни својот дел и светот да покаже единство во односот кон миграциската криза, наведе Могерини.