Могерини: Охрабрени сме од напредокот меѓу Скопје и Атина за името

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името.

Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини.