Могерини: Санкциите кон Русија ќе се разгледуваат на 17 и 18 декември

Прашањето за продолжување на санкциите кон Русија не е на дневен ред на денешната седница на Советот на ЕУ. Тоа ќе биде разгледано на средбата на врвот на 17 и 18 декември, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, објави МИА.

 Русија денеска не е на дневен ред. Тоа ќе биде разгледано подоцна во оваа недела, изјави Могерини по пристигнувањето во Брисел на состанокот на Советот на ЕУ.

Таа додаде дека „ако министрите сакаат да се разгледа тоа прашање, нема да биде проблем“.

 Не гледам сериозни потешкотии меѓу државите од ЕУ со оглед на политичкото решение, но не решавам јас, нагласи Могерини.