Балкан

Могерини во посета на Приштина и Белград

Могерини во посета на Приштина и Белград

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини утре ќе ја посети Приштина, а в петок ќе претстојува во Белград, најави Европската комисија.

Во соопштението се истакнува дека Могерини на претстојните средби ќе разговара за примената на досега постигнатите договори во дијалогот Белград – Приштина.

Предвидено е Могерини во Приштина да се сретне со косовскиот премиер Иса Мустафа и со министерот за надворешни работи Хашим Тачи.

Могерини во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.