Могерини во посета на Приштина

Могерини во посета на Приштина

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини,денеска ќе го посети Косово.

-На приштинскиот аеродром,предвидено е да  пристигне во 13 часот. По средбите, заедно со премиерот Иса Мустафа и министерот за интеграции Беким Чолаку, ќе одржат заедничка прес конференција посветена на препораката за визна либерализација за граѓаните на Косово донесена вчера од страна на ЕК,пишува онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“.

Според агендата предвидена е куса средба на Могерини со спикерот на косовскиот парламент, Кадри Весели, а во 16 часот ќе се обрати пред косовските пратеници.

Токму престојот на Могерини ја врати опозицијата во парламентот. На свечената седница на парламенот присуството најпрво го потврдија пратениците од движењето „Самоопределување“, а подоцна и Алијансата за иднината на Косово и  Иницијативата за Косово.

Свечената седница на Парлементот на Косово е посветена на препораката за визна либерализација за граѓаните на таа земја